Вода и квалитет на вода во Олимписки базен "Центар"
Водата е најважниот елемент во пливањето и пливачките спортови. Како таков не постои базен во којшто се води поголема грижа за водата а причините се следни:
Водата е комплетно тестирана за физичка,хемиска и бактериолошка исправност од Центарот за Јавно здравје - Скопје и истото се врши на неделна база без исклучок.
Олимпискиот базен е единствен во државата кадешто истата се филтрира 24/7 целосно електронски и без прекин за да се обезбеди здрава околина за пливање. Просториите се чистат со "green" средства коишто не содржат токсични материи.
-лого на Центар за јавно здравје
Температурата е согласно Олимписките норми и е со константна температура од 26 Целзиусови степени и се проверува на кратки временски интервали.
Чистењето на површината на водата се одвива секојдневно без исклучок со израелски роботи специјализирани за чистење на површина на базен да не се дозволи подот да биде нечист бидејќи истиот често е извор на инфекции а ние не смееме да го дозволиме тоа.
Резултатот на целиот овој долг процес е кристално чистата вода и нашето задоволство дека вие пливате и спортувате во здрава околина.
Куќен ред (кликни за зголемување на сликата)
Кликнете тука за да ја посетите нашата галерија со фотографии.